Откриена причината поради која потонал сплавот во Белград (ФОТО/ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Синоќа во Белград потона сплавот „Фристајлер“. Сите гости кои беа таму за новогодишната ноќ се евакуирани, а денеска излегуваат детали од целиот инцидент.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека, според неговите информации, сплавот потонал затоа што на него имало два до три пати повеќе луѓе од дозволеното, како и поради тоа што додадените понтони на сплавот не биле со иста издржливост како и оние што беа таму претходно, пренесува Телеграф.

„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова за никогаш да не се повтори, да одговараат оние кои следниот пат ќе пуштат повеќе луѓе од пропишаното. Ќе треба да пропишеме и тестирање на квалитетот на понтонот, за да станат јасни условите колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, казните ќе бидат драконски, ќе одговараат и кривично, без разлика дали нешто се случило или не“, рече градоначалникот.

Новинари на „Блиц“ денеска разговараа со дел од гостите на сплавот. Тие доаѓаат на сплавот пред кој беа изнесени јакните кои синоќа во паника ги оставале луѓето. Една девојка им раскажала како нејзината другарка била повредена. „Таа згазна на чаша, раната е многу длабока“, рече таа. Луѓето кои доаѓаат на потонатиот сплав најчесто бараат чевли и јакни, но некои се во поголеми проблеми бидејќи останале без документи.

„Ги загубивме документите, ние сме од Германија. Не знаеме што да правиме. Излетавме од сплавот и оставивме сè зад себе. Мојот пријател донесе само чанта, бегавме без оглед на се“, им кажале младиот човек и девојката.

„Нова година ја чекавме на „Фристајлер“ и сплавот наеднаш почна да тоне. Водата ни беше до колена, а почна да се излева токму во делот каде што беше нашето сепаре. Се исплашив, почнав да плачам. Можеби е дури и смешно сега кога размислувам за тоа, но тогаш воопшто не беше. Добро е што сите си ги спасивме животите, можевме сите да се удавиме во таа вода“, изјави друга девојка.

Слични содржини