Откриена причината за смртта на актерката Бети Вајт

од Nikola Popovski
304 прегледи

Познатата актерка и комичарка Бети Вајт почина само неколку дена пред нејзиниот 100-ти роденден, а нејзиниот агент ја откри и причината за смртта преку соопштение за медиумите.

Имено, како што изјавил агентот на Бети, Џеф, актерката починала во сон.

„Бети умрела мирно во сон во својата куќа“, изјавил агентот Џеф Витјас, кој исто така и бил близок пријател, во изјава за „People“.

Ова го потврдила и полицијата во Лос Анџелес. Имено, полицијата за магазинот „Us Weekly“ соопштила дека во петокот во 9 часот и 37 минути по локално време отишле во домот на актерката.

„Се чини дека е природн смрт без докази за насилство од каков било вид“, изјавила полицијата за „US Weekly“.

Витјас, исто така, го негираше извештајот во кој се тврди дека Вајт штотуку ја примила дополнителната доза вакцина против Ковид-19 на 28 декември.

„Луѓето велат дека нејзината смрт е поврзана со примањето на третата доза од вакцината три дена претходно, но тоа не е точно. Таа почина од природна смрт“, изјавил тој за магазинот.

„Нејзината смрт не треба да се политизира, тоа не е животот што таа го живееше“.

Фото: KEVIN WINTER / Getty images / Profimedia

Слични содржини