Откриена причината за смртта на девојката која почина на концертот на Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska
430 прегледи

Девојката Ана Клара Беневидес (23) изгубила свест на самиот почеток на концертот на поп-ѕвездата Тејлор Свифт во Рио де Жанеиро на 17 ноември.

Таа итно била пренесена во локалната болница, каде набргу починала.

„Исцрпена поради високите температури“

Според извештајот на тамошниот институт за судска медицина, како што пренесува Page Six, причина за смртта на младата девојка била топлотна исцрпеност. Таа имала сериозно оштетување на белите дробови што довело до кардиореспираторен застој. Не била под дејство на супстанци кои можат да предизвикаат смрт.

Температурите тој ден беа околу 40 степени, а масата обожаватели на светската ѕвезда со часови чекаше да започне концертот. Тие ги обвинија организаторите од забавната компанија „Тајм“ за недостигот на вода на стадионот на кој имало 60.000 обожаватели. Исто така, некои се жалеа дека не им било дозволено да внесат сопствени шишиња со вода.

Покрената е кривична истрага

Државното обвинителство покрена кривична истрага, а на рочиштето ќе бидат поканети претставници на T4F од организацијата на концертот.

По смртта на девојката, Тејлор и нејзиниот тим донесоа одлука да го одложат претстојниот настап во Бразил.

Слични содржини