Откриена причината за смртта на познатиот пејач, 5 месеци откако беше пронајден мртов

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Контроверзниот музичар Арон Картер беше пронајден мртов на почетокот на ноември минатата година, а сега е позната и причината за неговата смрт.

Како што јавува Би-Би-Си, тој случајно се удавил во кадата во својот дом во Лос Анџелес, по прекумерна конзумација со седативи.

Аутопсијата утврдила дека Картер земал алпразолам, кој често се продава под името „Xanax“. Исто така, се вели дека пејачот го вдишал гасот дифлуороетан, кој во извештајот е опишан како „гас кој може да предизвика чувство на еуфорија“.

Неговата смрт беше прогласена за несреќен случај.

Слични содржини