Откриена состојбата на студентката од Белград која беше удрена со автомобил и носена на покрив

од Nikola Popovski
163 прегледи

Стабилна е здравствената состојба на студентката која беше тешко повредена кога во неа удри автомобил на протест во Белград, велат лекарите, јави утрово „Радио телевизија Србија“.

На возачот кој ја удри му е одреден притвор до 48 часа. Обвинет е за кривично дело „обид за убиство“.

За време на комеморацијата за жртвите од уривањето на настрешницата на улицата „Рузвелтова“ во Белград, девојката беше повредена кога возач на автомобил ја удри на тротоар и ја носеше на покривот од возилото, по што таа падна на тротоарот. Возачот потоа побегна од местото на настанот.

Инцидентот се случи пред студентската кампања „Застани, Србија“ и петнаесетминутниот молк во кој студентите и граѓаните им оддаваат почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Полицијата подоцна го уапси возачот.

Слични содржини