Кога Атлетико потпиша двегодишен договор со Луис Суарез ова лето, клубот водеше сметка до најмалите детали од договорот со Уругваецот!
Во него има различни клаузули и многу се поврзани со перформансите на Суарез на теренот, но има и една што може да го загрижи Мадрид – клаузула според која Уругваецот може да го напушти клубот бесплатно на 30 јуни 2021 година.
Меѓутоа, „Марка“ тврди дека никој не ни помислува дека Суарез може да го напушти клубот во кој ја најде среќата ова лето по тешката и емотивна разделба со Барселона.
Суарез ја игра сезоната од соништата, досега постигна 16 голови и веќе го зеде бонусот за 15 гола, но она за што Атлетико најмногу се радува е што „Ел Пистолеро“ ги води до титулата која, според истражувањето на ЦИЕС, на крајот и ќе ја освои.