Роверот Perseverance пристигна на Марс минатата недела, а падобранот што му помогна да слета содржи скриена порака напишана во бинарен компјутерски код.
Беа потребни само неколку часа од објавувањето на видеото за декодерите на Интернет да ја „пробијат“ пораката. Црвено-белата шема во концентрични кругови го открива мотото на тимот на Perseverance, „Dare Mighty Things“, кое е исто така претставено на sидовите на контролата на мисијата во лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во Јужна Калифорнија. Кога се дешифрира и надворешниот круг на падобранот, тој ги открива координатите за JPL: 34 ° 11’58 ”N 118 ° 10’31” W.
"dare mighty things" ! Well done! @NASA @NASAPersevere pic.twitter.com/Di1hkFQApd
— Abela_Paf (@FrenchTech_paf) February 22, 2021
Главниот инженер на Perseverance, Адам Стелцнер, ја потврди скриената порака на Твитер, а Ален Чен, водачот на подемот и слетувањето на гореспоменатиот ровер на НАСА, ја охрабри јавноста да ги открие пораките на прес-конференција.
„Понекогаш во нашата работа оставаме пораки за другите да ги најдат. Затоа, ве покануваме да се обидете“, рече Чен.
It looks like the internet has cracked the code in something like 6 hours! Oh internet is there anything you can’t do? For those who just want to know: #Mars2020 #CountdownToMars pic.twitter.com/yTJCEnbuLY
— Adam Steltzner (@steltzner) February 23, 2021
Скриената порака на падобранот не е единствената интересна работа. Имено, со зумирање на една од сликите објавени од НАСА, може да се види „семеен портрет“ на минатите ровери на Марс, Perseverance и неговата придружба напојувана од Линукс, малиот хеликоптер Ingenuity.
Чен за „The Verge“ изјави дека инженерите на Perseverance можеби „сокриле“ повеќе пораки.
„Луѓето не можат да одолеат да стават малку личен допир во нивната работа“, објаснува Чен, додавајќи дека повеќето скриени пораки нема ни да бидат откриени.