Откриена тајната – Тито сепак не е бравар ?

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Изводот од матичната книга на венчаните од свадбената церемонија на Јосип Броз Тито во вилата Дунавка во Илок наводно открива многу нешта кои Тито долго ги криел. Најголемата тајна е тоа што не се претставувал како Југословен, туку како Хрват. На местото каде што требало да ја напише својата професија не пишува бравар, туку Маршалот го оставил празно, открива српскиот портал Телеграф.

 profimedia-0016609504-620x350

Во документот може да се види дека дека сведоци, или кумови, на венчавката на двојката биле истакнатите комунисти Александар Ранковиќ и Иван Гошњак.

 Иако порачал „Чувајте ги Југославија и братството и единството како зеницата на своето око“, Броз не се изјаснил како Југословен, туку во изводот напишал дека е Хрват, син на Фрањо Броз, коментира српскиот портал.
извод тито

Сите народи и народности од поранешна СФРЈ учеа дека Јосип Броз Тито бил бравар, но тоа не е впишано во изводот од матичната книга на венчаните, па  Телеграф прашува дали Тито навистина го изучил тој занает во 1910 година, како што се тврдело.Изворот заклучува деке се ова сепак била добро скриена и чувана тајна на службите на СФРЈ