ОТКРИЕНА УШТЕ ЕДНА МУТАЦИЈА? Нигерискиот вид е различен од британскиот и јужноафриканскиот! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
275 прегледи

Најверојатно нова варијанта на коронавирусот се појави во Нигерија, изјави денеска шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг, додавајќи дека е потребна дополнителна истрага

Тоа е различна варијанта во споредба со оние во Велика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, пренесе АП.

Тој посочил дека нигерискиот центар за контрола на болести и африканскиот центар за извонредност за геномика на заразни болести во таа земја ќе анализираат одреден број примероци.

„Дајте ни време … Сè уште е многу рано“, рече Нкенгасонг.

Предупредувањето за постоењето на наводна нова варијанта на вирусот се заснова на две или три генетски низи, рече тој.

Африканскиот континент сега има повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на коронавирус, или 3,3 проценти од глобалните случаи.

Инфекциите ширум континентот се зголемија за 10,9 проценти во последните четири недели, рече Нкенгасонг, вклучително и раст од 52 проценти во Нигерија и 40 проценти во Јужна Африка.

 

Слични содржини