Откриена вистината за тоа како Јокиќ го добил прекарот Џокер

од Nikola Popovski
29 прегледи

Кога денес велиме „Џокер“, мислиме само на еден човек – Никола Јокиќ. Иако многумина го поврзуваат со неговиот прекар и мрачен лик од сагата за Бетмен, вистината е далеку позабавна и поедноставна.

Ја открил човекот што му го дал прекарот – Мајк Милер, еден од најдобрите шутери во НБА лигата, а потоа и ветеран во соблекувалната на Денвер Нагетс.

Како гостин во подкастот на Пол Џорџ, Милер се присети на моментот кога Јокиќ станал „Џокер“:

„Го нареков Џокер затоа што не можев да кажам: „Јокиќ, подај ја топката!“. Само реков: „Џокер и така започна.“

Милер се насмеал и додал дека во тоа време не му паднало на памет дека може и да профитира од тој прекар.

„Да знаев, ќе го патентирав! Сега заработува 75 милиони годишно, не му треба. Ако ме разбирате…“ додал кошаркарот шегувајќи се.

По шегата, Милер сериозно ја пофали работната етика и посветеноста на Јокиќ, за која вели дека е вистинската причина за неговата доминација во НБА.

„Искрено, не му е гајле за медиумите, славата или статусот. Но, неговата рутина… Човече, тој беше таму секој ден, во исто време, правејќи ги истите вежби со Оги (тренерот Огњен Стојаковиќ). Неговите флоутери? Ги вежбаше 1.000 пати.“

Тој вели дека никогаш не видел нешто слично.

„Бев со Кајри Ирвинг, видов луди с*ања на теренот. Но, она што го прави Јокиќ – тоа е производ на работа. Неговите шутеви, асистенции, сето тоа доаѓа од рутина. И затоа е најдобар во светот денес“, заклучил Милер.

Слични содржини