Откриени 1243 стебла марихуана кај болницата „Свети Еразмо” во Охрид

од Nikola Popovski
792 прегледи

МВР соопшти дека пронашла 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Приведени се две лица и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1243 стебла Канабис сатива“, велат од полицијата.

Ова е втора заплена, откако полицијата во текот на вчерашниот ден приведе две лица, каде што на нива во охридско, според првичните информации, се откриени 890 стебла канабис.

Слични содржини