Откриени детали од операцијата на Барса вредна 65 милиони евра – Чави клучен човек

од Vladimir Zorba
372 прегледи

БАРСЕЛОНА е блиску до трансфер на Феран Торес од Манчестер Сити. Тоа го потврди и Фабрицио Романо, кој тврди дека останува само да се реши документацијата. Остануваат да се завршат последните детали и после тоа шпанскиот репрезентативец ќе стане играч на Барселона.

Романо додава дека Барселона ќе плати 55 милиони евра на Торес со бонус од десет милиони евра и дека Чави е клучниот човек во оваа операција. Чави инсистираше да го доведе Торес, за на крајот да го добие. Торес треба да потпише со Барселона на пет години.

Торес е 21-годишен крилен напаѓач кој во Англија пристигна во летото 2020 година за 28 милиони евра. Тој го пропушти најголемиот дел од оваа сезона поради повреда и бара нови опции.

Барселона деновиве треба да ја објави официјалната потврда на трансферот, а Торес ќе се стекне со право да настапува за клубот од 1 јануари.

Слични содржини