Било тешко да се поверува дека тоа е славната убавица Мерилин Монро. Изгледала како просечна постара жена која и не се грижела премногу за своето тело, стои во книгата.
Организаторот на погребот кој помогнал да се подготви телото откако е пронајдена мртва Алан Абот и Рон Хаст ја воделе една од најпознатите погребни агенции во шеесеттите години. Во својата книга„Pardon My Hearse„ Абот опишува како изгледало телото на легендарната убавица Мерилин Монро и наведува дека била речиси непрепознатлива во моментот кога ја видел мртва,- Било тешко да се поверува дека тоа е славната убавица Мерилин Монро. Изгледала како просечна постара жена која и не се грижела премногу за своето тело. Очигледно е дека околностите во кои починала го влошиле нејзиниот изглед. Кога некој ќе умре гравитацијата доведува до тоа крвта да се наталожи на најниската точка на телото.
Во нејзиниот случај со оглед дека умрела со лицето надоле , модрите флеки од крвта останале на лицето, а вратот многу и бил отечен. Косата и била виткана и кратка-напишал. Додал дека било видливо дека некое време косата не и била избелувана бидејќи јасно се наѕирал кафеавиот израсток. Нозете не и биле избричени, биле обраснати со влакна, а усните и биле многу испукани. Ноктите на нозете и рацете исто така биле запоставени- посведочила последната особа која го видела телото на оваа славна дама. Дел од неговата работа бил да ја среди глумицата, да ја избања и облече.Абот открива дека меѓу нејзините работи пронашле лажни гради кои одлучиле да не ги користат.
С.В.