Тапанарот Тревис Баркер ги загрижи фановите откако неодамна ја објави пораката „Боже, спаси ме“, по што беа објавени фотографии на кои се гледа како е однесен во болница.
Тапанарот, сопруг на реалити ѕвездата Кортни Кардашијан, се чувствува многу подобро откако оваа недела беше хоспитализиран поради панкреатитис опасен по живот.
Тој ден пред да биде однесен во болница ја објавил пораката „Боже, спаси ме“, што ги загрижило неговите многубројни обожаватели.
Тој отиде на ендоскопија во понеделникот и се чувствуваше одлично, потоа се тргна наопаку.
„За време на ендоскопијата, ми беше изваден многу мал полип во многу чувствителна област. Тоа го направија специјалисти, но тие ја оштетија критичната дренажна цевка на панкреасот. Тоа резултираше со опасен панкреатитис. Толку сум благодарен што со интензивниот третман сега сум многу подобар“, навел Баркер.
Кортни Кардашијан се заблагодари за поддршката.
„Ох, каква страшна и емотивна недела беше тоа. Нашето здравје е сè и понекогаш земаме здраво за готово колку брзо може да се промени“, напиша реалити ѕвездата.