Откриени купишта на 20 квадралиона сонца

од desk3
88 прегледи

Десетици илјади галаксии натрупани во соѕвездието Риби.

Научниците го открија најголемиот  збир на галаксии во Вселената. Се наоѓа во соѕвездието Риби и е на 4 милијарди светлосни години оттука, соопшти Astrophysical Journal. Супергалактическиот кластер се наоѓа во огромен, досега неизучаван сектор на универзумот. Во него има десетици илјади галаксии, секоја со стотици милијарди сонца. Тие се подредени во 43 големи групи, кои се протегаат на 600 милиони светлосни години. Масата на ова монструозно купиште на ѕвезди е 20 квадралиона пати поголема од онаа на сонцето.