
Хонорарите на актерите на Играта на троновите (Game of Thrones) достигнаа рекордни вредности. Во близина на финалето на сагата, стана јасно дека најголемите ѕвезди добиваат по 500.000 долари по епизода.
А најголемите ѕвезди се тројцата во битката за тронот – Емилија Кларк (Денерис), Кит Харингтон (Џон Сноу) и Лина Хедл (Церсеј Ланистер).
Интересно е дека и актерите Николај Костер-Валдау (Џакм Ланистер) и Питер Динклиѓ (Тирол Ланистер) добиваат исто така по половина милион долари на епизода. Varity пишува дека ова се највисоко платените актери од суперуспешниот проект на HBO, истакнувајќи дека нема разлика меѓу платите на мажите и жените – со што се надмина скандалот кој го стресе BBC пред извесновреме.
Последната епизода од седмата сезона на фантастичната драма ќе се емитува во неделата на HBO. Во материјалот за изданието пишува уште дека другите највисокоплатен актери (засега) се Клер Дејнс која добива по 450 000 на епизода од Homeland, и Кевин Спејси, кој инкасира по половина милион на епизода од House Of Cards.
Највисокиот хонорар од телевизиски проект сепак оди за славниот актер Роберт де Ниро, кој ќе заработува сензационални 775 000 долари по епизода од иден серијал на Amazon, кој се уште нема име, но ќе биде во режија на славниот Дејвид О. Расел.