Откриени неколку возачи кои возеле под дејство на алкохол

од Milan1

Вчера на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 11 за управување на возило со брзина поголема од дозволената во населено место и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување на возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирани возила, 2 за управување возило под дејство на алкохол и 2 за некористење сигурносен појас.

Исто така вчера во рамки на сообраќајно-контролните активности што ги спроведува тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, биле откриени и законски санкционирани вкупно 16 пречекорувања на дозволената брзина, претежно во населено место. Покрај ова, санкционирани се и 7 непрописно паркирани возила кои биле подигнати од „пајак-службата”, 2 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и други видови прекршоци, информираат од МВР.

Слични содржини