Откриени плановите на Меган: Сака да излегува без Хари

375 прегледи

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, оваа година би требало да се појави на Мет галата на која традиционално се собира кремот на Холивуд и секој нешто значи на јавната сцена.

Поранешната актерка на на 4 мај би требало да дојде на црвениот тепих со уредникот на Вог, Едвардо Енинфул. Тоа би требало да биде првото јавно појавување на 38-годишната Меган откако на 31 март и официјално ќе отстапи од кралските должности.

Извор за мгазинот The Sun рекол дека Меган се одлучила за гламурозен андрогини изглед што ќе биде и темара на овогодинешната Мет Гала. Имено, раскошната забава оваа година е инспирирана од Орландо на Вирџинија Вулф.

„Мет галата одредува кој е кој во шоубизнисот. Се разбира дека Меган е едно од имињата на врвот на листата, а Едвард и неговиот тим се возбудени што таа ќе оди со нив. Меган сака повремено да излегува без Хари, со цел повторно да си го изгради името во Холивуд“, додал изворот.

Мет Галата е хуманитарна забава во њујоршкиот Метрополитен музеј, а појавувањето на неа е престижна работа. Влезниците скапо се плаќаат, но на Мет не може да дојде никој кој не добил покана од уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур.

Бакингемската палата се уште не ги искоментирала овие натписи.

Слични содржини