Откриени тајните на „шведскиот модел“: Се појавија преписки од главниот епидемиолог

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој е креатор на уникатната стратегија на таа земја во борбата против коронавирусот, се најде под удар на јавноста. Имено, во Интернет просторот се појавија мејлови во кои тој прашува дали повисока стапка на смртност кај постарите лица би била прифатлива доколку тоа влијае на побрзото создавање на колективен имунитет.

Тегнел повеќе пати во јавноста повторил дека целта на владата не била да се развие брз имунитет против коронавирусот кај луѓето, туку да се забави ширењето на инфекцијата, така што здравствениот систем ќе може да се бори против пандемијата.

Сепак, мејловите до кои дошле шведските новинари, благодарение на законот за пристап до информации, откриваат дека Тегнел зборувал за колективен имунитет кон средината на март, неколку дена откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирус.

Според „Гардијан“, Тегнел во еден од разговорите со неговиот колега Мики Салминен и директорот на шведската Национална здравствена агенција (FHM), проследил мејл до пензиониран лекар, кој верува дека државата може да се бори против епидемијата дозволувајќи им на здравите луѓе во контролирани услови намерно да се заразат со коронавирус.

Тогаш Тегел прокоментирал дека училиштата треба да останат отворени за луѓето да стекнат колективен имунитет. Салминем одговорил дека финските здравствени власти веќе го имале во предвид тоа, но се откажале затоа што на тој начин, „децата ќе продолжат да ја шират инфекцијата на други“.

Според финскиот модел, затворањето училишта би го забавило ширењето на вирусот кај постарата популација за околу 10 проценти, на што Тегнел враќа: „Тоа би можело да се исплати за 10 проценти?“.

Што ќе се случи ако вирусот се пушти слободно?

Мејловите покажале дека Тегнел го замолил стручњакот Јохан Гисеке да создаде модел што ќе открие што би се случило ако коронавирусот се движи слободно меѓу популацијата. Шведскиот весник „Афтонбладет“ посочува дека Тегнел избришал неколку мејлови од периодот од јануари до април.

Во тој период шведскиот епидемиолог испратил повеќе од 200 пораки до кои новинарите сакале да пристапат бидејќи законот тоа го дозволува. „Афтонбладет“ тврди дека избришаните мејлови содржат делови од неговите разговори со владини претставници, здравствени експерти и Гисеке. Сепак, не се знае кога точно се избришани пораките.

Од Агенцијата за јавно здравје велат дека не ги чуваат сите пораки, односно дека некои не се таму затоа што еден од вработените ги избришал.

„Бришам многу мејлови што не мислам дека се доволно важни за зачувување“, рече Тегнел.

„Коментирав за можниот ефект“

Тегнел во неколку наврати истакна дека децата генерално ќе имаат поблаги симптоми на вирусот, односно дека нема да го шират во голема мерка. Исто така, епидемиологот негираше дека властите решиле да ги остават училиштата отворени заради колективниот имунитет.

– Јас само го коментирав можниот ефект, а не очекуваниот исход што е дел од проценката на мерките. Одржувањето на училиштата отворени, со цел да се добие колективен имунитет, никогаш не било важно – рече Тегнел на новинар што дојде до спорната е-пошта.

Шведска ги затвори училиштате за ученици над 16 години, но тие и понатаму останаа отворени за помладите. Исто така, надлежните инсистираа на одржување на наставата како и обично. Родителите кои ги оставија своите деца дома биле пријавени на социјални служби, па дури и им се заканувале казни.

Покрај тоа, властите во Шведска забранија собири на повеќе од 50 лица, но исто така апелираа до граѓаните да одржуваат социјална дистанца дома и на работа. Дистанцата не беше наметната, а продавниците, кафулињата, спортски сали и рестораните останаа отворени,

Слични содржини