Откриено дали Путин ќе присуствува на самитот на Г-20

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 што следната недела ќе се одржи на Бали, соопшти индонезискиот владин претставник Џоди Махарди.

„Москва ќе ја претставува рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, најави Махарди.

Како домаќин на Г-20, Индонезија се спротивстави на притисокот од западните земји и Киев да ја повлече својата покана до Путин од самитот на лидерите и да ја исфрли Русија од групата поради војната во Украина, а официјални лица од земјата постојано велат дека немаат овластување да го сторат тоа без консензус меѓу членовите.

Слични содржини