Откриено е зошто 12-годишникoт во Финска почнал да пука во ученици

од Симе Стоиков
168 прегледи

Мотивот зад пукањето во училиште во предградие на Хелсинки, во кое беше убиено 12-годишно момче, бил малтретирање, објави во средата финската полиција.

„При распитот осомничениот изјавил дека бил жртва на врсничко насилство, а оваа информација е потврдена и во полициската истрага“, соопштија од полицијата.

Знамињата беа спуштени на половина копје ширум Финска денес, додека земјата тагува за смртта на 12-годишно момче во пукање во училиште, за кое полицијата соопшти дека го извршил школски другар.

Две ученички од Виертола, исто така на возраст од 12 години, биле тешко ранети во нападот во вторникот, соопштија болничките власти и полицијата. Нема новости за здравствената состојба на девојчињата. Едно од ранетите девојки има двојно финско-косовско државјанство.

Осомничениот на крајот бил уапсен на околу четири километри од училиштето, а тој сè уште го имал пиштолот на него.

Слични содржини