Откриено каде биле Коби Брајант и неговата ќерка пред фаталната несреќа

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џина биле во црква само неколку часа пред смртта во падот на хиликоптерот на пат на кошаркарскиот турнир.

Двајцата присуствувале на католичката миса во 7 часот во катедралата во Њупорт Бич, потврди портпаролот на црквата за Daily Mail. Откако ја напуштиле црквата Брајант и Џина се качиле во хеликоптерот со останатите патници на аеродромот Џон Вејн во Санта Ана во 9:06 часот наутро. По помалку од еден час, во магловити услови, хеликоптерот се срушил.

Бискупот Тимоти Фрејер вчера изрази сочувство за сите жртви, а во објавата Коби го нарекол добар католик кој ја сакал својата фамилија и својата вера.

Слични содржини