По четвртфиналниот натпревар од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент меѓу тренерот Жозе Мурињо и Окан Бурук, а сега е откриено што му претходело на нивниот конфликт.
Според пишувањето на турскиот весник „Милиет“, Мурињо по натпреварот им пришол на судиите и го изразил своето незадоволство од нивната арбитража, велејќи: „Лошо го судевте натпреварот“.
Бурук, честитајќи им на судиите, одговорил: „Не му верувајте. Добро го водевте мечот и донесовте правилни одлуки“. Потоа турскиот тренер му се обратил на Мурињо со зборовите: „Добра игра“, што според информациите го испровоцирало португалскиот тренер.
Се наведува дека тогаш Бурук на англиски јазик му упатил навредлив збор на Мурињо, по што тренерот на Фенербахче изреагирал на начинот на кој што сите бевме сведоци и го фатил Бурук за нос.
Поради оваа постапка Мурињо доби црвен картон, а веројатно го чека и подолга казна.