Откриено како е убиен иранскиoт научник: Постојат неколку верзии, но се споменува ова оружје

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

Иранскиот научник, водечка фигура во иранската нуклеарна програма, Мохсен Фехризад, бил убиен со митралез кој бил далечински управуван, објави полуофицијалната новинска агенција „Фарс“, а пренесува Си-Ен-Ен.

Иранските власти го обвинуваат Израел за убиството на Фехризад и ветуваат одмазда, но иранските агенции известуваат за неколку верзии за тоа како се случил нападот.

Според агенцијата „Фарс“, Фехризад патувал со сопругата во непробоен автомобил, придружуван од три возила во кои имало припадници на безбедносните служби.

Во еден момент, Фехризад слушнал нешто што звучело како куршуми да удираат во автомобил, по што излегол да утврди за што станува збор.

Кога излегол од возилото, митралез кој бил далечински управуван отворил оган од автомобил „нисан“, кој бил паркиран на околу 150 метри.

Фехризад бил погоден најмалку три пати, според агенцијата „Фарс“. Погоден е и еден од телохранителите.

По пукањето, „нисанот“ експлодирал.

Си-Ен-Ен посочува дека не може да ја потврди верзијата на настаните наведени од агенцијата „Фарс“.

Иранската студентска новинска агенција исто така објави дека врз автомобилот на Фехризад бил отворен во оган, по што дошло до пукање и експлозија.

Тие се повикуваат на иранскиот министер за одбрана.

Иранската државна телевизија, сепак, објави дека прво се случила експлозијата, а потоа напаѓачите отвориле оган.

Фехризад беше шеф на истражувачки центар за нова технологија во елитната Револуционерна гарда и беше водечка фигура во иранската нуклеарна програма.

Слични содржини