Откриено која членка на НАТО прва ќе испрати борбени авиони во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Одлуката на Полска да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина е „суверена одлука“ на таа земја, која нема да го охрабри американскиот претседател Џо Бајден да ги испрати своите борбени авиони Ф-16 во Украина, соопшти Белата куќа.

Да потсетиме, Бајден во неколку наврати изјави дека нема намера да испраќа борбени авиони во Украина, но не ја отфрли целосно таа опција.

Џон Кирби, советникот за национална безбедност на Бајден, вчера изјави за новинарите дека одлуката на Полска да испрати четири борбени авиони, што претставува отстапување од другите членки на НАТО, нема да го промени процесот на донесување одлуки во САД.

„Тоа не ја менува нашата пресметка во однос на Ф-17“, рече Кирби, а потоа додаде: „Ова се суверени одлуки што секоја земја ги носи за себе. Ние ги почитуваме тие суверени одлуки“.

Кирби одби да ја коментира одлуката на Полска, велејќи дека „не е на САД да ја карактеризираат одлуката на Полска на овој или оној начин“.

Слични содржини