Откриенo кој ќе го игра Мајкл Џексон во претстојниот филм за кралот на попот

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Неодамна беше објавено дека се работи на филм за Мајкл Џексон. Филмот наречен „Мајкл“ ќе го режира Антоан Фуква, а сега се знае кој ќе го толкува „кралот на попот“ во оваа продукција.

За престижната улога е избран Џафар Џексон, син на Џермејн Џексон, братот на Мајкл и поранешен член на Џексон 5.

Џафар е познат во светот на танцот и музиката бидејќи со двете активности се занимава од својата 12-та година. Редовно ги изведува песните на Марвин Гаје, како и свои песни.

Откако беше избран за улогата на Мајкл Џексон, Џафар на својот Инстаграм напиша: „Почестен сум што можам да ја пренесам приказната на мојот вујко Мајкл на големото платно. За сите фанови ширум светот, се гледаме наскоро“.

Режисерот на филмот, Антоан Фукуа, ја сподели објавата и напиша: „Горд сум што можам да објавам дека Џафар Џексон ќе биде Мајкл во долгометражен филм кој го истражува животното патување на човекот кој стана крал на попот“.

Снимањето ќе започне на крајот на годината. Се уште не е познато кога „Мајкл“ ќе ја има својата премиера.

Слични содржини