Откриено кога ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ќе разговараат за кадровските распределби

од Nikola Popovski
314 прегледи

Во тек е првиот состанок на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за евентуално формирање на нова заедничка Влада. Поранешниот министер за информатичко општество, Азир Алиу, кој е дел од работната група на здружената албанска коалиција во изјава за медиумите порача дека денеска ќе се разговара за утврдување на методолигијата.

-Прв состанок е. Ќе имате соопштение од ВЛЕН и ВМРО. Целта на овој станок е методологија на работа и динамика на работа, кажа Алиу пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето на медиумите колку средби очекуваат, членот на ВЛЕН вели дека се уште не се знае и ќе зависи од развојот на преговорите.

Околу распределбата на ресорите и кадровските распределби, Алиу одговори дека тоа ќе биде поконкретна тема на разговор на следниот состанок меѓу двата политички субјекти.

Досега на лидерски средби се разговараше единствено за општите начела на соработка меѓу коалициите. Засега е познато дека партиите се договорија за три цели, кои ќе бидат клучни за соработката. За евроинтеграцијата, економскиот развој, борбата со криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Слични содржини