Откриено кој е виновен што младите дами ќе завршат во затвор: Погледнете ги сцените од хотелот

од Stefanija Kuzmanovska
423 прегледи

Убавиците кои беа уапсени во Дубаи, откако на социјалните мрежи беше објавено видео, на кое позираат голи на балкон на облакодер во отмена област на Дубаи, претежно доаѓаат од Украина, но меѓу нив има девојки и од Русија, Молдавија и Белорусија.

Човекот кој го организирал снимањето, а потоа и ги снимил девојките, руските медиуми го наведуваат како 33-годишниот Алексеј Концов, руски државјанин, кој самиот, наводно, рекол дека направил „фатална грешка“ објавувајќи го експлицитното видео.

Со оглед на тоа што според строгите закони на ОАЕ, тој оди во затвор поради тоа, младиот Концов ангажираше адвокати да го ослободат.

Руската медиумска куќа „Лајф“, водена од поранешната гимнастичарка и наводна љубовница на Владимир Путин, Алина Кабаева, објави дека во проектот учествувале околу 40 модели на возраст од доцните тинејџерски години до раните дваесетти години.

Неколку од нив се прикажани на фотографијата објавена на социјалните мрежи што ги налути Емиратите, а сега им се заканува затворска казна во траење од шест месеци и парична казна од 5000 дирами.

Групната фотографија наречена „Мало семејство“ ги откри и лицата на некои убавици. На неа има две украинки, Јана и Дијана, и уште три украински модели – 19-годишната Дарија Корунженко, Екатерина Кашенко и Софија Ткачук.

Сите идентификувани украинки објавија фотографии и снимки од Дубаи на социјалните мрежи.

Руските медиуми пишуваат дека меѓу девојките била и ќерката на руски бизнисмен и поранешен банкар, но 21-годишната девојка негирала дека снимала во Дубаи.

Руската новинска агенција подоцна објави дека не е приведен ниту еден руски државјанин и дека се уапсени вкупно 12 лица, од кои само еден е Русин и тоа организаторот на снимањето.

Слични содржини