Откако Украина победи во Торино, Италија со нивната песна „Стефанија“, беше одлучено Велика Британија да биде домаќин на Евровизија.
Во трката за домаќин на Евровизија, Ливерпул го победи Глазгов, јавува Би-Би-Си.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 9 и 11 мај, а големото финале два дена подоцна.
„Градот кој ќе биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија во 2023 година е Ливерпул“, рече коментаторот на музичкото натпреварување Греам Нортон, кој во петокот се појави на „The One Show“ за да открие каде ќе се одржи.
🎉 Congratulations Liverpool 🎉#Liverpool is the official host city of the @bbceurovision Song Contest 2023, on behalf of Ukraine!
Watch the semi finals on 9 & 11 May 2023 and the grand final on 13 May 2023 – @BBCOne and @BBCiPlayer #Eurovision pic.twitter.com/n0UpmFE5ZD
— BBC (@BBC) October 7, 2022
Организаторите на Евровизија (ЕБУ) на 27 септември објавија дека Бирмингем, Лидс, Манчестер, Њукасл и Шефилд се елиминирани од натпреварувањето како дел од ригорозниот процес на избор за град домаќин на Евровизија во 2023 година, оставајќи ги Глазгов и Ливерпул како најтесен избор.
Украинскиот оркестар Калуга триумфираше на натпреварот во 2022 година во Торино, Италија, но Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го продуцира годишниот настан, одлучи дека шоуто не може безбедно да се одржи во земјата по руската инвазија.
Велика Британија, како второпласирана, ја презеде улогата на домаќин и вети дека следниот настан ќе биде одраз на украинската култура, музика и заедница, објави Би-Би-Си.
Велика Британија беше домаќин на Евровизија осум пати, последен пат во Бирмингем во 1998 година.