490
Поранешен службеник на Министерството за правда на Хаити може да биде лицето кое го нарачало убиството на претседателот Моиз, соопшти колумбиската полиција.
Претседателот на Хаити, Жованел Моиз, беше убиен минатата недела во неговата резиденција. Полицијата досега идентификуваше 28 осомничени и уапси најмалку 23, пишува „Sputnik International“.
Поранешниот службеник на Министерството за правда на Хаити, Жозеф Феликс Бадио, е осомничен дека го наредил убиство на Жованел Моиз три дена пред да биде убиен во неговата резиденција, изјави во петокот шефот на колумбиската полиција, генерал Хорхе Варгас.