Откриено колкава пауза го чека Ѓоковиќ

од Nikola Popovski
2,2K прегледи

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на овогодинешниот Австралија опен во полуфиналето, откако поради повреда беше принуден да му го предаде мечот на Александар Зверев.

Веќе во четвртфиналето против Карлос Алкараз имаше проблеми со повреда на тетивата, но успеа да издржи и да победи. Сепак, ситуацијата беше многу потешка против Зверев и тој не можеше да продолжи да се бори за финале.

По враќањето дома, Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели снимка од рендгенот на повредениот мускул, а сега се знае и колку време ќе биде надвор од теренот.

Според информациите на српските медиуми, Ѓоковиќ се очекува да паузира приближно два месеци. Освен што нема да биде достапен за српската репрезентација за Дејвис купот, тој сигурно ќе ги пропушти и турнирите во Доха и Дубаи. Неговиот настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами во моментов е под знак прашалник.

Слични содржини