Две години имунитет со комбинираната вакцина на „АстраЗенека“ и „Спутник V“, изјави директорот на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Гинцбург изјави дека Центарот „Гамалеја“ им предложил на колегите од Оксфорд да додадат компонента од нивната вакцина на компонентата што е дел од вакцината на „Астра Зенеке“. Вакцината на Оксфорд ќе биде двокомпонентна, што овозможува зголемување на јачината на имунитетот што ќе се случи по примената на оваа вакцина и продолжување на времетраењето на заштитниот ефект на овој препарат.
– Односно, мемориските клетки ќе бидат многу подобро формирани поради употребата на ваква двокомпонентна хибридна вакцина, а вакцината, соодветно, ќе го заштити вакцинираното лице не за 3-4 месеци, туку најмалку за две години, иако, се разбира, ќе биде потребна дополнителна работа за да тоа се докажа експериментално – објасни Гинцбург во интервју за телевизијата „Русија 24“.
Тој потсети дека вакцината „Спутник V“ ќе се користи во Русија за вакцинација против коронавирусот, и дека засега нема да се користи комбинираниот препарат на Центарот „Гамалеја“ и компанијата „Астра Зенека“.
Помали клинички испитувања на комбинираниот препарат се планираат да се спроведат по Нова година во некои земји во Азија и Африка, рече Гинцбург.