Откриено: Од што почина актерката Леа Кери Фишер позната улогата на принцезата Леа

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Американската актерка Кери Фишер починала од апнеја во комбинација со други фактори. До овие откритија дојдоа американски иследници.

Окружната истражнаа служба на Лос Анџелес изјави дека Фишер имала акумулација на масти на ѕидовите на артериите.

Инспекторите исто така утврдиле дека актерката земала бројни лекови пред смртта, но рекоа дека не можат да утврдат дали тие придонеле за нејзината смрт.

Фишер, која беше најпозната по својата улога на принцезата Леа од сагата “Војна на ѕвездите”, почина на 27 декември минатата година на 60-годишна возраст, четири дена откако беше примена итно во болница.