Asus ќе го покажат официјално ZenFone 6 по неколку часа, кога ќе одржат настан во Валенсија.
Додека со нетрпение ја очекуваме премиерата, дознаваме како ќе изгледа смартфонот. На
интернет беа објавени фотографии кои покажуваат постоењето на подвижна предна камера за
селфи. На овој начин Asus ќе обезбедат максимално простор напред за самиот дисплеј. Всушност
ZenFone 6 има двојна камера на грбот, која ротира и може да снима селфи.

Предметниот модул ќе биде произведен од течен метал што ќе ја редуцира тежината за околу 20%,
но ќе се зголеми за четири пати цврстината. Уникатната ротирачка двојна камера на смартфонот ќе
користи 48 мегапиксели Sony IMX586 објектив кој е дополнет од 13МР SuperWide сензор, пријави
GizmoChina. Интеграцијата на оваа компонента исто така ја отстранува потребата од „notch“ слот
или мал отвор во предниот дел на екранот, бидејќи ги позиционира камерите зад него.
Другите технички спецификации ќе вклучуваат 6,3-инчен дисплеј со резолуција од 2340×1080
пиксели со сооднос 19,5: 9. Asus ZenFone 6 ќе функционира на процесорот Qualcomm Snapdragon
855 и ќе биде достапен во 4GB / 8GB / 12GB RAM меморија. Вградената меморија ќе биде 128GB /
256GB или 512GB, а батеријата ќе има капацитет од 5000mAh. Останува малку време за да дознаеме
кога и по која цена ќе почне продажбата на паметниот телефон на европскиот пазар.