175
Најмалку седум лица загинаа во експлозија во ресторан во Ајдин, Турција.
Според првичните информации, експлозијата се случила поради истекување на гас.
„Животот го загубија седум наши сограѓани. Пет лица се повредени, од кои едно потешко“, изјави градоначалникот Хусеин Аксој.
Според медиумите, еден од работниците се пожалил дека осетил миризба и работниците отишле да проверат од каде може да истекува гас. Во тој момент дошло до експлозија.
Гувернерот на провинцијата изјави за агенцијата „Анадолија“ дека првичните наоди покажале дека експлозијата се случила додека персоналот ја менувал празната плинска боца која се користела во кујната околу 15:30 часот.