Откриено што користел Мудрик: Шарапова падна поради истиот лек, го нема во Западна Европа

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Додека се чека Б примерокот за допинг тестот откако падна на првиот, украинските медиуми открија што земал фудбалерот на Челsи, Михаило Мудрик. Тоа е забранетиот мелдониум.

Мелдониумот е лек кој се препишува за третман на ангина и последици од миокарден инфаркт. Неговата употреба доведува до зголемување на издржливоста на спортистите, го подобрува закрепнувањето после вежбање, штити од стрес и ги активира функциите на централниот нервен систем.

Овој лек го користат се повеќе спортисти од Источна Европа, развиен е во поранешниот СССР уште во 1970 година, додека на западниот пазар практично го нема.

Мелдониум беше познат по допинг случајот на некогаш најдобрата тенисерка на светот Марија Шарапова. Русинката го користела лeкот цела деценија и била шокирана кога открила дека е забранет од 1 јануари 2016 година.

Потоа доби 16-месечна забрана од тенис, по што повеќе не беше на претходното ниво.

Мудрик се соочува со уште поголем проблем бидејќи би можел да добие фудбалска забрана до четири години, без разлика што негираше дека намерно земал мелдониум.

И многу веројатно играјќи за репрезентацијата на Украина, бидејќи во Велика Британија го нема.

Слични содржини