Откриено во каква состојба е возачот на автобусот кој се преврте во Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

На возачот на автобусот Д.К. од Србија, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, во која беа повредени 12 лица, му беше одредено задржување во траење од 24 часа, соопшти утрово бугарската полиција.

Точните околности на несреќата, како и причината ќе се знаат по завршување на истрагата.

Возачот наводно се здобил со полесни повреди и според се уште неофицијални информации има скршеница на раката. Синоќа бил тестиран на алкохол и дрога, но двата резултата биле негативни.

Според „Курир“, семејството на возачот Д.К. се уште нема точни детали како дошло до несреќата, се уште се во шок од целата ситуација, но она што можеле да го потврдат е дека ногата не му е ампутирана како што првично беше соопштено.

Српското МВР соопшти дека причина за несреќата е или човечка грешка или технички проблем.

Да потсетиме, несреќата се случила вчера, нешто по 20 часот. Министерот за здравство Златибор Лончар утрово ги посети повредените во несреќата.

Слични содржини