Откриено зошто „рускиот Џејми Оливер“ бил во Белград: Позната е и причината за смртта во изнајмениот стан

од Nikola Popovski
87 прегледи

Русинот Алексеј Зимин (53) е пронајден мртов во стан во Белград каде, судејќи по објавите на социјалните мрежи, дошол да подготви специјална вечера во ресторан во Белград, но и „неформално да го претстави неодамна објавениот проект“ – книга на руски јазик. Според првите и неофицијални информации на дел од српските медиуми, обдукцијата на неговото тело е во тек, но во моментов се укажува дека починал од природна смрт.

„Пријатели, Алексеј Зимин, готвач и автор со седиште во Лондон, подготвува специјална вечера во Белград – историја на англосаксонскиот свет во пет курсеви. Во текот на вечерта тој неформално ќе го претстави неодамна објавениот проект. Англоманија – личен поглед на културната историја на Обединетото Кралство, анегдоти и приказни низ очите на имигрантите. Книгата (на руски) ќе биде достапна за купување. На секој настан имате три опции: за вечера. Изберете што најмногу ви одговара и уживајте во вечерта“, стои во најавата за настанот кој бил планиран.

Како што дознава српски „Блиц“, Зимин починал од природна смрт. Тој пред неколку дена изнајмил стан во Белград преку апликација за резервација на сместување.

Тамошното Вишо јавно обвинителство наредило обдукција со токсиколошки тест која треба да ја утврди точната причина за смртта.

„Обдукцијата е во тек, но според првите информации нема знаци на насилна смрт“, пишува српска „Нова“.

Да потсетиме, телото на Зимин го пронашол сопственикот на станот кој му го изнајмил. Наводно, сопственикот седум дена не можел да го добие рускиот готвач на телефон, поради што отишол до вратата од станот да види што се случило, по што ја затекнал страшната глетка и веднаш пријавил во полиција.

Слични содржини