Поранешниот соработник на Трамп, Џејсон Милер, откри зошто Доналд Трамп во последно време ја дотерал телесната линија и зошто имал проблем со прекумерната тежина во Белата куќа.
Поранешниот советник на Трамп изјави дека поранешниот прв човек на САД е „многу посреќен“ од кога не е на функција.
-Исончан е. Одморен е, рекол Милер.
Тој откри и каков е рецептот на Трамп за слабеење. Како што тврди, поранешниот претседател му се пофалил дека ослабел бидејќи „кујната на Белата куќа не му е достапна сега 24 часа на ден“, пренесува „Индипендент“.
-Без кујна достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата, малку голф и многу поддршка“, рече Милер, цитирајќи го Трамп.
Во април годинава, еден од советниците на поранешниот претседател за „Бизнис инсајдер“ изјави дека Трамп изгубил 6,8 килограми откако ја напушти Белата куќа. Друг советник рече дека „поранешниот претседател сега изгледа посреќен и поздрав, дури и послаб, откако го напушти Вашингтон во јануари“.