
Користeте Google Alerts
Воопшто не е лоша идејата да ја користите оваа можност при што секогаш ќе добиете известување доколку некој ве спомне на интернет. За да бидете во тек, логирајте се на Гугл внесете го вашето име и презиме во пределот за предупредувања и кликнете „Create Alert“. Покрај вашето име, од неколкуте можности одберете колку често и каде да ви пристигнуваат овие предупредувања. На овој начин, секогаш кога некој ќе ве спомне, вие ќе бидете 2/12/2016 Како да откриете дали некој ве бара на Интернет?
Пребарајте на Mention
Оваа алатка функционира слично како претходната, но акцентот е ставен на социјалните мрежи. Секогаш кога вашето име ќе биде споменато на некоја социјална мрежа, вие веднаш добивате известување за тоа.
Постојат мобилни апликации за андроид, ајфон и виндоус, како и за Хром. Овде имате на располагање 3 критериуми, како и избор на јазик. Откако ќе преминете на следниот чекор, изберете кои извори сакате да ги користите, како на пример, блогови, форуми, Фејсбук, Твитер… Филтрирајте ги оние извори кои не сакате да ги следите, а потоа создадете го предупредувањето и запомнете ги поставувањата. Доколку ги поврзете вашите профили, нотификациите многу побрзо ќе ви пристигнуваат.
Користете го LinkedIn

Профилот на оваа мрежа е неверојатно корисен доколку сакате да пронајдете нова работа, без разлика дали сте хонорарец, експерт во своето поле или пак, едноставно сте во потрага по работа. Но, присуството на оваа мрежа ви овозможува и вие да бидете пронајдени. Со пријавата на LinkedIn имате можност да видите колку пати вашиот профил бил прегледан, но и кој го сторил тоа. Доколку некој го гледал вашиот профил, големи се шансите дека оваа посета била поврзана со работа.