Италијански лекари ја открија веројатната причина зошто славниот германски композитор Лудвиг ван Бетовен го загубил слухот.
Слични симптоми кај нивен денешен пациент сугерираат дека глувоста на музичарот можеби се должи на труење со олово. Резултатите од студиите се објавени во научното списание Ларингоскоп.
Бетовен започнал да го губи слухот во 1796 година, во 26-та година од животот и до 1811 година е целосно глув.Сепак, болеста не го спречува композиторот да прави музика, но му го отежнува изведувањето на концерти. Има еден случај во кој за време на премиерата на Деветтата симфонија, Бетовен, стоејќи со грб пред публиката, морал да се сврти за да може да ја види салата како аплаудира.
Научниците претставија голем број хипотези за причините за болеста на композиторот – меѓу нив тифус, разни автоимуни заболувања и невообичаената навика на спиење н Бетовен, натопувајќи ја главата во ладна вода.
Но, сега лекарите предводени од Дејвид Брото од Универзитетот во Падова (Италија) излегоа со нова причина.
Симптомите на еден од пациентите што ги гледале во 2018 година во голема мерка се совпаѓаат со тоа од што страда познатиот композитор. Причината за непријатноста е високата содржина на олово во крвта и урината на пациентот. Токсичниот метал влегол во неговото тело преку стара тава, која требало да има заштитен керамички слој.
Анализата на косата на Бетовен и фрагменти од черепот во 2005 година, исто така, покажува дека телото на композиторот има зголемена содржина на олово.
Композиторот можеби добил зголемени дози на олово преку пиењето вино – во тоа време овој пијалок содржел голема количина тешки метали. Покрај тоа, омилениот бокал на Бетовен бил делумно изработен од олово.