Министерот за финансии Шојбле стиска милијарди евра за бегалците, и не ги дава за друго
Федералниот вишок во износ од 13 милијарди евра, генериран во Германија во текот на изминатата 2015 година, ќе биде искористен за бегалци, пишува националниот весник Die Welt”. Иако сите министри во Берлин разгласуваат претензии кон касата, министерот за финансии на СРГ Волфганг Шојбле беше категоричен дека кризата со бегалците и “сродните мерки се главен приоритет на Владата”, затоа “другите насоки во политиката треба да бидат потчинети”. Шојбле сепак, изрази загриженост за тековните преговори за буџетот. Со оглед на ситуацијата со мигрантите останатите членови на Владата честоги оправдуваат своите финансиски побарувања со трошоците настанати како резултат на бегалската криза. “Во контекст на желбата да дејствуваме можно побрзо ја губиме ефикасноста од поглед”, стравуваат демохристијаните. Затоа германскиот политичар бара финансиска дисциплина од своите колеги. ” Тие имаат чувство дека изгрева златен век”, велат владини извори кои велат дека ако зависеше од другите министри во владата во Берлин, трошоците би пораснале неверојатно многу. А листата на желби е долга. Само Министерството за труд, предводено од Андреа Налес, инсистира годишно за најмалку половина милијарда повеќе.