Откритие што може да го промени светот: Шпанска компанија има лек против Ковид-19?

од Nikola Popovski

Шпанската фармацевтска компанија „ФармаМар“ соопшти дека е објавен текст во списанието „Наука“ кој потврдува дека нивниот лек плитипепсин има „силна предклиничка ефикасност“ во третманот против Ковид-19.

Студијата спроведена „ин витро“ и „ин виво“ од тим научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз покажа дека лекот ја намалува репликацијата на вирусот, што резултираше со 99 процентно намалување на вирусното оптоварување во белите дробови на животни третирани со плитипепсин, објави списанието „Наука“.

„Веруваме дека податоците што ги имаме и првичните позитивни резултати од клиничките испитувања на компанијата „ФармаМар“ укажуваат на тоа дека треба да се земе предвид плитипепсинот кога станува збор за проширени клинички испитувања во третманот против Ковид-19“, стои во текстот во списанието.

Лекот, кој е веќе одобрен на некои пазари за третман на тумори, го блокира протеинот поврзан со Ковид-19.

Способноста на лекот да предизвика токсични ефекти врз еден орган, органски систем или повеќе од нив е добро позната подолго време, а досега спроведените тестови покажаа дека пациентите толерираат употребени дози, објасни компанијата.

По денешното отворање на берзите, вредноста на акциите на Фармамар скокна за 13%, на 98,5 евра, пренесува Ројтерс.

Слични содржини