337
Една од клучните мерки која е предвидена во петтиот пакет е отпис на каматите на граѓаните.
-Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани имаат блокирани сметки, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Битиќи напомена дека поддршката за плати не е прекината.
– Финансиска поддршка за плати никогаш не е кажано дека ќе се укине. Повторувам дека финансиска поддршка за плати ќе има. Моделот кој ќе го прифатиме ќе биде тема на дискусии и затоа веќе 10 дена комуницираме со синдикати и комори и најверојатно за брзо време ќе донесеме одлука,рече Битиќи.