Отпочнав многу темелни проекти кои треба да ги завршам, рече Тошковски запрашан дали ќе биде сменет од функцијата

Иако сè уште нема официјална потврда кога ќе се спроведе, реконструкцијата на Владата е неопходна, велат коалициските партнери во извршната власт

од Nikola Popovski
6 прегледи Фото: Фејсбук профил на Панче Тошковски

Мислам дека отпочнав премногу темелни проекти во рамки на изминатата година кои ќе треба да ги завршам во наредната година, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан за став за гласините за негова смена со реконструкција на Владата и можноста да премине на друга позиција.

Дел од медиумите неодамна објавија дека во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се води битка околу негова смена и негов наследник.

Иако сè уште нема официјална потврда кога ќе се спроведе, реконструкцијата на Владата е неопходна, велат коалициските партнери во извршната власт.

Владата потврди дека предлогот за нови министри е доставен до законодавниот дом за пополнување на испразнетите места во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Беким Сали треба да биде вицепремиер и министер за европски прашања, додека Мухамед Хоџа да решава еколошки проблеми во ресорот животна средина. Дупката се појави откако Изет Меџити вицепремиерската и министерска фотелја ја замени со градоначалничката во Чаир. „Вреди“ ги задржува истите ресори како досега.