Отпуштање и намалување на платите во администрацијата нема да има, тврди Тренчевска

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Во врска со наводите на синдикатите за отпуштање на работници или намалување на платите во јавниот сектор, министерката Тренчевска во Дневникот на Сител изрази уверување дека се работи за шпекулации и обиди за создавање на паника кај граѓаните.

„Отпуштање од работа и намалување на платите нема да има. Нема ниту во една мерка, ниту препорака до институциите и локалната самоуправа нема дека ќе бидат отпуштени вработените од администрацијата, ниту дека мора да работат од дома, ниту дека платите ќе бидат намалени. Една мерка се однесува на рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор, преку функционална анализа, која секоја институција треба да ја изработи, за да се утврди дали имаме доволен број на вработени во институцијата или имаме вишок. Но тоа не значи дека вишокот ќе си оди, туку ќе се надомест во оние институции каде нема доволно вработени, рече Тренчевска.

Министерката најави подготовка на нова методологија за плати во јавен сектор, во чија изработка се вклучени Министерствата за труд и социјална политика, финансии и информатичко општество и администрација и Генералниот секретаријат на Владата.

„Во државата еднаш засекогаш треба да креираме политики кои што се системски решенија. Да не одиме со популистички мерки, и решенија кои што во моментот ќе дадат резултати, но не даваат позитивни резултати долгорочно. Треба да креираме политики кои на долг рок ќе ги зголемуваат платите, пензиите и минималната плата, ” рече Тренчевска.

Министерката најави дека до крајот на годината ќе биде донесена новата методологија за платите во јавниот сектор, согласно резултатите и работата на секој вработен во јавниот сектор.

Слични содржини