Отпуштените војници го прекинаа штрајкот со глад, ама остануваат пред народниот дом

од desk3
89 прегледи

Отпуштените професионални војници по 9 дена денеска го прекинаа штрајкот со глад. Сепак како што истакнаа, остануваат пред Собрание се додека не им бидат исполнети барањата за повторно вработување во армијата.

download

Тие денеска добија ветување од претседателката на ДОМ-Лилјана Поповска дека ќе поведе иницијатива за  законски измени со кои и овие војници би биле опфатени.

Станува збор за 100 поранешни војници кои останаа без работа во вакум периодот пред да се донесат законските измени со кои се овозможи работа како војник до 45 години.