Отровната риба паун нов жител на Јадранот? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Отровната риба паун е забележана во водите на јужниот Јадран од италијанска и албанска страна.

Отровот на оваа риба се наоѓа во скоро сите грбни перки, а убодот е многу болен и во ретки случаи може да предизвика посериозни последици, затоа е потребно да се консултирате со лекар, пишува хрватскиот портал „Морски“ и додава дека заради тоа, рибарите ќе мора да се запознаат со овој вид за да бидат внимателни.

Уредникот на Фејсбук страницата Подводни.хр Перо Угарковиќ предупреди дека оваа година може да се очекува појава на оваа риба во хрватскиот дел на Јадранот, како и дека станува збор за многу инвазивен вид, но дека не може со сигурност да процени како тоа ќе влијае на екосистемот, како ни дали Јадранското море ќе ѝ одговара како трајно живеалиште, со оглед на тоа дека станува збор за тропска риба.

Според него, оваа риба не е штетна за другите видови до степен што го претставуваат некои експерти.

Слични содржини