Отсечена човечка глава вчера беше пронајдена пред зградата на судот во западниот германски град Бон.
Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот, изјави портпаролот на полицијата.
Осомничениот е приведен
„Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој.
Торзо за кое се верува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол.
Местата каде што се пронајдени деловите од телото се оддалечени околу еден километар.
Во близина е приведен еден осомничен.
Немало оружје
Полицијата соопшти дека им бил познат 38-годишен маж поврзан со наркотици.
Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници, соопшти полицијата.
До вторник вечер не беше пронајдено оружје. Инспекторите се уште трагаат по сведоци, пренесува „Хина“.