Отстранет дефектот со парно греење во Центар

од desk2
60 прегледи

Нормализирана е испораката на парно за дел од потрошувачите во општина Центар, кои во текот на вчерашниот ден останаа без греење поради дефект.

Од „Балкан енерџи груп“ денеска сооштија дека нивните екипи за Дистрибуција на топлина во текот на вчерашниот ден го санираа дефектот кај трговскиот центар „Палома Бјанка“.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.